Овој ден нека не потсетува на жртвата која што генерациите ја оставиле за да може нашата генерација да го има ова што денеска го имaме , а тоа е слободна, независна држава Македонија, изјави премиерот Христијан Мицкоски, по повод чествувањето на големиот празник 2 Август – Ден на Републиката, Илинден.
„Нека нивната жртва не потсетува каква држава треба да оставиме на генерациите кои што следат после нас, држава во која што имаме среќни граѓани, држава која што ќе биде просперитетна, држава која што ќе биде татковина на сите без разлика на етничката припадност. Овој ден нека не обединува, да се слави, да ни е вековит, да го чествуваме достоинствено и на помош нека ни е Свети Илија,“ изјави Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија денеска го слави Илинденското востание и Првото заседание на АСНОМ
Фото/Влада