Како работел ЗК Пелагонија во третиот квартал

ЗК Пелагонија АД Битола во првите девет месеци од годинава остварил оперативни приходи од 803.410 илјади денари, и истите бележат зголемување за 17% во однос на истиот пресметковен период од минатата година, соопшти Друштвото преку Македонската берза.

-Во структурата на оперативните приходи највисока е ставката на приходите од продажба на добра и услуги кои опфаќаат 88,34% од вкупните оперативни приходи или во износ од 709.748 илјади денари. Приходите од продажба исто така се зголемени во однос на претходната деловна година за 31%.

Останатите оперативни приходи кои опфаќаат износ од 68.368 илјади денари учествуваат со 8,51% во вкупните оперативни приходи.

Остварените оперативни расходи заклучно со 30.09.2025 опфаќаат износ од 657.604  илјади денари и истите се помали во однос на оперативните приходи за износ од 145.806 илјади денари.

Промената на вредноста на залихите во анализираниот пресметковен период од тековната година како разлика помеѓу вредноста на залихите на почетокот и на крајот на пресметковниот период, генерира расходна ставка во износ од 79.685 илјади денари.

Финансиските приходи во анализираниот период изнесуваат 45 илјади денари, а финансиските расходи изнесуваат 24.864 илјади денари.

Во анализираниот период Друштвото оствари добивка во износ од 41.302  илјади денари, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЗК Пелагонија со добивка во првото полугодие

Јове Кекеновски влезе во Одборот на директори на ЗК Пелагонија, Селаудин Арифи отповикан

4,1 милиони денари за надомест на членовите на ОД на ЗК Пелагонија лани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести