еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Европска недела на ХИВ тестирање: „Тестни се! Прегледај се бесплатно, доверливо и безбедно“

Во рамки на Европската пролетна недела на ХИВ тестирање, ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација, ги повикува сите граѓани на бесплатно и доверливо тестирање за ХИВ и сексуално преносливи инфекции (СПИ) кое ќе се одвива од 27 до 30 мај, секој ден од 15 до 18 часот, во Младинскиот центар „Сакам да знам“ на Водно.

„Денес ХИВ е контролирана здравствена состојба со достапната и ефективна терапија, важна е само навремената дијагноза. Доцната дијагноза е тивок ризик, нешто што можеш да се избегне со само еден мал чекор. Раното тестирање значи навремена и ефективна терапија; квалитетен и долг живот; нула ризик за пренос на ХИВ (кога луѓето со ХИВ се на терапија и вирусот е недетектибилен, тогаш ХИВ не се пренесува преку сексуален пат),“ се вели во соопштението.

Дополнително, граѓаните може да се тестираат и за сифилис, гонореја и кламидија, со резултати готови за најмногу 30 минути. Тестирањето е анонимно, бесплатно и доверливо и се спроведува од обучени медицински лица и советувачи.

Како граѓаните да закажат термин?

Со јавување во Младинскиот Центар „Сакам да знам“ на Водно на телефонскиот број 02/3176 – 950;

Преку оналјн закажување на преглед на следниов линк; или со

Посета на Младински центар „Сакам да знам“ на Водно на ул. Елисие Поповски Марко бр.2 каде нема стигма, туку само грижа.

„Тестирањето се одвива во пријателска и безбедна средина, каде освен здравствени услуги, граѓаните може да добијат и индивидуално советување за сексуално и репродуктивно здравје. Првиот чекор кон грижата за сопственото здравје започнува со информираност и навремено тестирање. Затоа, тестирај се! Твое право е да се чувствуваш здраво!

Услугите се реализираат преку Програмата за заштита на населението од ХИВ инфекцијата, поддржана од Министерството за здравство,“ се додава во соопштението.

Европската недела на ХИВ тестирање е Европска иницијатива со цел зголемување на пристапот до тестирање за ХИВ и СПИ и подигнување на свеста за важноста на раната дијагноза, особено кај лицата кои се изложени на зголемен ризик.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Времето денеска сончево со студено утро

Редакција

Полициска акција во три фирми на Камчев

Редакција

Нема лекарска грешка во смртта на седуммесечното бебе кое почина на Детската клиника, вели Таравари

Редакција