еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Која е Алта Гроуп која сака да ја преземе Стопанска банка Битола

Стопанска банка АД Битола доби нова намера за преземање.

Овојпат македонската Банка сака да ја преземе Алта Гроуп ДОО Београд, Србија, која има намера да даде понуда за преземање до 100% од обичните акции со право на глас издадени од Стопанска банка Битола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Алта Гроуп од Белград сака да ја преземе Стопанска банка Битола

Понудената цена е 3.777 денари по акција.

Лани Стопанска банка Битола сакаше да ја преземе Комерцијална банка АД Скопје, која нудеше 3.200 денари по акција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зошто пропадна спојувањето на Комерцијална со Стопанска банка Битола

Понудата тогаш пропадна поради тоа што недоволен број акционери на Стопанска банка Битола одлучија да ги продадат своите акции.

Која е Алта Гроуп

Во рамки на Алта груп функционираат Алта банка, институцијата за електронски пари Алта пеј, Алта лизинг и Алта менувачници.

Зад групацијата стои бизнисмен Давор Мацура.

Алта банка е основана во 1979 година како Јубмес банка.

Во 2020 година по промената на сопственичката структура го смени името во Алта банка.

Според официјалната страна на Банката сите акции се во сопственост на Алта пеј груп ДОО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стопанска банка Битола со добивка од 22,2 милиони денари во првиот квартал

Стопанска банка Битола лани со добивка од 163,1 милиони денари, претходната година работеше со загуба

Гордана Балтовска не е повеќе член на УО на Стопанска банка Битола, Борислав Атанасовски се враќа во НО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ски-центарот Маврово почнува со работа од утре, скијањето ќе биде бесплатно

Редакција

Најмногу дожд наврна во Прилеп и Берово, времето и денеска нестабилно со дожд и грмежи

Редакција

Топ пет најголеми должници кон УЈП: „ТЕ-ТО“ со долг од 11 милиони евра убедливо на врвот

Редакција