Македонскиот пејач Драги Иванов го издаде својот прв албум „Небо“.
На истиот се наоѓаат четри негови претходно издадени песни – “Успеав“, „Крута„, „Спас“ и “Усни“, на кои им дава нов облик и шест нови.
Тој е одговорен за текстовите и музиката, изведбата, аранжманот и продукцијата на песните, Матеја Николиќ е одговорна за графичкиот дизајн, а Сара Стојчевска за сликата.
Во зависност од тоа каде слушате музика, “Небо“ може да го чуете или на Spotify:open.spotify или пак на YouTube: youtube.com.
Тој најавува и концертна промоција на албумот, а можете да го заследете на социјалните мрежи: Instagram: instagram.com, TikTok: tiktok.com и Facebook: facebook.com.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.