Како и што претходно беше најавено, досега во истрагата за пожарот во т.н. дискотека „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 62, а беа повредени 203 лица, на распит биле над 300 сведоци, информираше денеска републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Истрагата ќе заврши во рамките на законскиот рок од три месеци, односно како што рече Коцевски за дестина денови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Истрагата за пожарот во Кочани ќе заврши најдоцна до 17. јуни, ќе има ли нови осомничени?
По завршувањето на истата увид во доказите ќе имаат и обвинетите, а обвинението треба да биде готово до средината на следниот месец.
Се уште се собираат докази, а ако има нови моменти, истрагата ќе биде проширена.
Досега се осомничени 68 физички и три правни лица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зад кои други фирми стоел Дејан Јованов Деко, газдата на дискотеката во Кочани
Фото: Игор Бансколиев