еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

ЕВН волонтираше во рамки на еколошката акција „Генералка викенд 2025“

ЕВН Македонија Групацијата продолжува со својата посветеност кон долгорочните компаниски стратегии за заштита на животната средина преку масовно волонтирање во рамки на еколошката акција „Генералка викенд 2025“, информираат од таму.

Околу 150 вработени, работните активности ги заменија со акција за собирање отпад во различни градови: Скопје, Гевгелија, Битола, Гостивар, Прилеп, Кочани, Кавадарци, и Кичево. Целта е вработените директно да придонесат кон почиста и поздрава околина, додека за секој 10 кг отпад ќе се сади по едно дрво.

На волонтерската еколошка акција се приклучи и Управниот одбор на ЕВН Македонија.

„Една од нашите главни цели е ЕВН како одговорна компанија, континуирано да придонесува за почиста иднина за нашите идни генерации. Посветени сме да направиме позитивни промени во нашата област на делување: производство, дистрибуција и продажба на енергија.

Многу сме горди на нашите вработени кои денес учествуваа во оваа акција и покажаа дека и тие исто така се грижат да имаме почиста и поздрава животна средина.“ изјави претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, Волфганг Маиер.

ЕВН веќе неколку години континуирано спроведува разновидни волонтерски акции, со што досега се реализирани 58 акции со над 700 волонтери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Повеќе од 250 волонтери го исчистија Скопскиот аквадукт: Започна најголемата еко-акција „Генералка викенд“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендаровски за европратеникот Јорданов: Најостра форма на говор на омраза, која е без преседан во историјата на македонско-бугарските односи, очекувам реакција на Софија

Редакција

По сообраќајка косовско „БМВ“ паднало во Лепенец, едно лице пренесено во ГОБ „8 Септември“, по три се трага

Редакција

Истрага за Бајден и неговото семејство

Редакција