еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

„Макпетрол“ и „Телма“ во соработка со Сашко Коцев почнуваат нова забавна детска емисија

Емисија за најмладите е резултат на соработката меѓу „Макпетрол“ и „Телма“ со популарниот актер Сашко Коцев, информираат од таму.

Забавниот проект, наречен „ЛОЛ со Макпетрол“, денес во 16:15 часот ќе ја има премиерата на фреквенцијата на националниот ТВ-канал. Публиката ќе има можност да ужива во смеата секоја недела во споменатиот термин. Како што и укажува популарното „емоџи“ во името, целта на ова шоу е хуморот, но пренесен низ размислувањата на најмладите.

„Начинот на којшто децата комуницираат, на којшто ги опишуваат работите со типично свои, оригинални, зборови, е неизмерно богатство и токму тоа е клучна инспирација за оваа емисија.

Секогаш е многу забавно да се разговара со нив, особено за оние теми што ние возрасните ги нарекуваме „сериозни“, а за најмладите се нешто сосема поинакво. Тие кон нив не пристапуваат како ние, со некоја тежина, туку им приоѓаат со леснотија и верувам дека баш тоа успеваме да го пренесеме преку емисијата.

Без разлика што не се искусни како нас возрасните, ова шоу покажува оти можеме многу да научиме од тој нивен искрен пристап,“ вели Коцев.

Како општествено-одговорна компанија, една од целите на „Макпетрол“ отсекогаш била да обезбеди поддршка на различни проекти од културната, музичката и од уметничката сфера. Со поддршката на детското шоу „ЛОЛ“, компанијата ја продолжува оваа традиција во насока на внесување свежина во домашниот телевизиски етер, како и овозможување да се слушнат идеите на најмладите генерации, посочуваат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 617 случаи на Ковид-19 од 4.621 тестирања

Редакција

(Фото) Мелита „жари и пали“ на Инстаграм

Редакција

Убава вест: Оздравени 16 болни од Ковид-19

Редакција