Тринаесетте полициски службеници од Кочани и Штип кои беа уапсени вчера во врска со пожарот во т.н. дискотека/кабаре “Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 62 лица, а 203 беа повредени, се осомничени за кривичното дело – тешки дела против општата сигурност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
– Во конкретниот случај постои основа на сомнение дека во период од 14. март до 16. март 2025 година на територијата на Секторот за внатрешни работи Штип осомничените како службени лица сториле тешки дела против општата сигурност, кажа денеска на прес-конференција државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.
Како што појасни тој, тие како соизвршители не постапиле според прописите за мерките за заштита и одобриле план за Акциска контрола на угостителски објекти на подрачје на Полициска станица (ПС) Кочани без да проверат дали истиот ги има опфатено сите проверки во надлежност на Министерството за внатрешни работи (МВР) и дали се запазени одредбите од стандардните оперативни процедури за процена и управување со ризики при вршење на полициски работи.
-По овој План кој бил изготвен врз основа на претходно изготвени планови без какви било измени било постапено и на 16. март 2025 година на место каде што биле собрани поголем број на луѓе во кабарето „Пулс“.
Не преземале мерки за спречување на активирање на пиротехничка опрема на сцената, каде настапувала музичката групата “ДНК“, во моментов кога ја вршеле контролата, чие палење не било пријавено во ПС Кочани, а од која пиротехника како последица настанал пожар во дискотеката „Пулс“, рече Коцевски.
Полициските службеници, со тоа што не спречиле палење на пиротехниката не преземале мерки и за заштита за присутните лица во дискотеката, каде поради несоодветните услови за работа на акциската контрола настанал пожарот, кажа Коцевски.
За нив од Основниот Кривичен суд Скопје се бараат мерки на претпазливост: забрана за напуштење на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска на обвинитете да се јавуваат повремено на определено службено лице, или кај надлежен државен орган, кој ќе ги определи судијата на претходна постапка, привремено одземање на патна или друга исправа за применување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање, забрана и контакт со определени лица, со осомничените лица, како и забрана за преземање на работни активности –полициски служби.
Истрагата за овој случај ја води Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој сè е обвинет за пожарот во Кочани
Фото: Игор Бансколиев