Македонија има нов херој – 14-годишниот Илија Гигов од Велес.
Имено тој пред неколку денови на пат кон училиштето, како што информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР) пронашол банкарска книшка и 23 банкноти од по 2.000 денари (46.000 денари).
Без размислување веднаш ги известил своите родители, пронајдените пари ги пријавил во полиција и истите веднаш биле вратени на сопственикот.
За гестот тој денеска на Денот на македонската полиција 7 Мај, од Секторот за внатрешни работи (СВР) Велес доби благодарница.
-Овој мал јунак со големо срце одржа лекција како за своите врсници, така и за возрасните. Неговата постапка претставува светол пример и инспирација за сите нас, велат од таму.














