Во Штип денеска во стан била пронајдена почината 20-годишна студентка од Турција.
Станува збор за У.Е., информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Штип, а засега не е познато дали се работи за насилна смрт.
Како што пренесуваат локалните медиуми, пожарникари интервенирале за да влезат во станот преку балконот.
Телото на девојката е предадено на обдукција во Клиничката болница Штип.
Видео: ТВ Стар














