(Вознемирувачки видеа) На 15 се зголеми бројот на загинати во терористичкиот напад во Сиднеј, најмалата жртва има 10 години

Бројот на загинати во терористичкиот напад на плажата Бонди во Сиднеј, Австралија, се зголеми на најмалку 15, а 27 лица се повредени.

Најмалата жртва е десет годишно девојче, а најстарата е маж на 87-годишна возраст, кој го преживеал Холукаустот.

Напаѓачите пак биле татко и син. Таткото, кој имал 50 години е убиен за време на нападот, а 24-годишниот син е уапсен и хоспитализиран со тешки повреди.

Нападот беше насочен кон еврејската заедница која го прославувала првиот ден од Ханука.

Убиениот напаѓач поседувал дозвола за шест огнени оружја.

Полицијата информираше дека се пронајдени три огнени оружја, а пронајдени се и импровизирани експлозивни направи во автомобил што му припаѓал на еден од напаѓачите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И фудбалер на македонски клуб е убиен во терористичкиот напад во Сиднеј

(Вознемирувачки видеа) Во терористички напад во Сиднеј убиени најмалку 12 лица

Фото: Унсплеш/видео: 9 News Australia/Sky News

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести