Вчера попладне девојче на 16 годишна возраст заедно со 29-годишна жена потонаа во водите на Вардар кај селото Уланци, Општина Градско.
29-годишната жена е пронајдена жива, информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Велес.
Случајот во полицијата го пријавила сестрата на 16-годишното девојче, кое било присутно на местото.
Потрагата по девојчето продолжува и денеска.
Фото: Унсплеш