На што трошеле 24, Наша, Шења, ТВ 21 и Сонце лани

Заедничките вкупни трошоци на телевизиите 24, Наша, Шења, ТВ 21 и Сонце лани изнесувале изнесувале 181,21 милион денари, што е највисок износ во последните шест години, покажува Анализата на пазарот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колкави приходи имале 24, Наша, Шења, ТВ 21 и Сонце лани

Сите телевизии потрошиле повеќе отколку во претходната 2023 година. Највисоки трошоци во секоја од последните шест години прикажувале 24 Вести и Компани 21-М.

-Во анализираната година трошоците на 24 Вести изнесувале 78,41 милион денари, на Компани 21-М 56,34 милиони денари, на Сонце 19,28 милиони денари, на Шења 14,59 милиони денари, а најмалку средства потрошила Наша ТВ – 12,59 милиони денари.

50 % од вкупните трошоци на овие пет телевизии биле за плати и други надоместоци за вработените – во апсолутен износ од 91,48 милиони денари, што е за 21,05 милиони денари помалку отколку во 2023 година.

Во 2024 година телевизиите потрошиле помалку отколку во претходната година и за набавка на програма. Од вкупно 10,76 милиони денари што биле потрошени за оваа намена, 4,57 милиони ги направила Компани 21-М, 2,05 милиони денари Сонце, 1,60 милиони денари 24 Вести, 1,37 милиони денари Шења и 1,17 милиони денари Наша ТВ.

Најмногу за плати потрошила 24 Вести – 48,46 милиони денари, што е повеќе од другите четири телевизии заедно. Просечниот број вработени во редовен работен однос во оваа телевизија изнесувал 87 лица. Другите телевизии потрошиле значително помалку за оваа намена, стои во анализата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како работеле телевизиите 24, Наша, Шења, ТВ 21 и Сонце лани

Како работеле Алфа, Алсат-М, Канал 5, Сител и Телма лани

Колкави приходи имале Алфа, Алсат-М, Канал 5, Сител и Телма лани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести