Момче на возраст од 21 година загина синоќа, неколку минути по полноќ, откако со автомобил излетало надвор од коловозот на локалниот пат помеѓу селата Горно Чичево и Долно Чичево, Општина Градско.
Се работи за Љ.О. од Градско, кој како што информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Велес, излетал со возило „бмв“ со велешки регистарски, управувано од П.А. (22) од Градско.
На шоферот на возилото и на уште две лица, сопатници, Б.П. (20) од Градско и Х.Л. (22) од селото Ногаевци, Општина Градско, во Општата болница Велел им биле констатирани тешки телесни повреди.
Фото: Унсплеш