Македонија денеска одбележува 24 години од убиството на македонските бранители кај Љуботенски Бачила од страна на терористичката УЧК за време на воениот конфликт во 2001 година.

На 10. август со воено товарно возило на патот кон месноста Љуботенски Бачила при активирање на мина беа убиени: Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски.
Денеска се оддава почит и на Ацо Ангеловски, кој во 2000 година беше убиен во Арачиново при вооружен напад врз полициска патрола од страна на терористичка УЧК.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Десетте македонски бранители кои беа убиени кај Карпалак се уште немаат достоен споменик
Фото: МО