257 се портали: Над 330 медиуми се пријавиле за платено политичко рекламирање за локалните избори

За престојните локални избори до Државната изборна комисија (ДИК) за платено политичко рекламирање се пријавиле 333 медиуми, а списокот не е конечен, бидејќи некои барања се проверуваат, објави државната агенција МИА.

Од нив 257 се интернет портали, 43 се радио станици, 33 се телевизии, а осум се печатени медиуми.

еМагазин во своето досегашно 12-годишно постоење се нема пријавено за платено политичко рекламирање. Парите за истото се обезбедуваат од државниот Буџет, односно од граѓаните.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести