Осум лица кои се осомничени во истрагата за финаниски криминал во Управата за јавни приходи (УЈП) добија притвор од по 30 дена, информираа од Основниот кривичен суд.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како што велат од Судот прифатено е барањето на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, кое ја води истрагата, поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и можност да го довршат или повторат делото.
Две лица од осомничените се веќе во притвор за предметот поврзан со Агенцијата за финансиска подршка на земјоделството и рурален развој.
Со истрагата се опфатени 20 лица, а според Обвинителството тие го оштетиле државниот буџет за 4,8 милиони евра.













