Маж на возраст од 33 години, кој бил затвореник во Затворот Охрид починал вчера во Општата болница во Охрид.
Се работи за К.Р. од струшкото село Октиси, а како што информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Охрид, тој бил донесен во болницата со возило на Итната медицинска помош, во тешка здравствена состојба.
И покрај преземените мерки од медицинските лица, тој починал.
Неговото тело е дадено на обдукција.
Фото: Унсплеш














