40 од повредените во пожарот во Кочани имаат проблеми со движењето на зголобовите

Евалуацијата на состојбата на повредените од пожар во т.н. дискотека „Пулс“ во Кочани, направена од специјалистичкиот тим лекари од скопските клиники покажа дека 40 од вкупно 203. повредени имаат проблеми со движењето на зглобовите и се на физикална терапија, а на 70 им се вршат редовни преврски на изгорениците.

Тимот прегледал 110 повредени, од кои најголем дел се лекуваа во странство, а на прегледот се јавиле и повредени кои се лекуваа во Македонија.

Според лекарите, како што е веќе познато, процесот на заздравување на дел од повредените ќе трае и со години.

Тројца повредени пак се се уште со отворени рани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Со отворени рани се уште тројца повредени од пожарот во Кочани, се лекуваат на Пластика

На повреден во пожарот во Кочани му е извршена трансплантација на лице

На шест повредени во пожарот во Кочани им е трансплантирана кожа

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести