45-годишен скопјанец пронајден починат во гевгелиско

Маж на возраст од 45 години вчера бил најден починат во куќа во гевгелиското село Мрзенци.

Станува збор за С.К. од Скопје, а како што информираа од Секторот за внатрешни работи Струмица, лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. 

Неговото тело е дадено на обдукција.  

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести