49-годишен маж се удави во Охридско Езеро, телото пронајдено на струшкото крајбрежје

На 19.07.2025 година вo 16.30 часот, во ОВР Струга е пријавено дека во водите на Охридското езеро на струшкото крајбрежје, било забележано безживотно машко тело.

По преземени мерки и извршен увид, констатирано е дека се работи за 49-годишно лице од селото Волино, општина Дебрца кај кого екипа од Итната медицинска помош, констатирала смрт без траги на насилство.

По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести