50 евра казна ако од денеска фрлате ѓубре по 22 часот, за фирмите казната е до 1.800 евра

Денеска треба да стапи на сила мерката со која се забранува фрлање смет во Скопје во периодот од 22 часот навечер до 6 часот наутро.

Казната за непочтување на одлуката за граѓаните е 50 евра, а за фирмите и локалите од 1.300 до 1.800 евра.

Како што најавија од Град Скопје во првите месеци ќе има само опомена, а потоа и ќе се казнува.

Од Градот најавија дека инспекторските и редарските служби на Град Скопје ќе бидат на терен постојано, во три смени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

50 евра казна ако фрлате ѓубре од 22 до 6 часот во Скопје

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести