Маж од Охрид починал по службен разговор во полиција

Маж на возраст од 75 години починал завчера по службен разговор во полициската станица Охрид.

Станува збор за Ј.А. од Охрид, а како што информираа од полицијата на излезот од станицата му се слошило, па со Итна медицинска помош бил пренесен во Медицинскиот центар Охрид, каде по кратко време починал.

Неговото тело е дадено на обдукција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести