(Видео) Како ќе изгледа Клиниката за гинекологија и акушерство откако ќе се реновира

На Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство комплетно ќе се реновираат чекалните, амбулантите, лабораториите и специјалистичките кабинети, информираа од таму.

За оваа цел се предвидени 29 милиони денари.

Од почетокот на годината за Клиниката е извршена и набавка на современа медицинска опрема, вредна 32,6 милиони денари, со што на Клиниката ќе биде овозможено воведување на најсовремена микроинвазивна хирургија за гинеколошките операции.

Инвестиции ќе има и во делот за репродуктивна медицина.

Еве како ќе изгледа Клиниката откако ќе заврши реновирањето и реконструкцијата:

Фото/видео: Клиника за гинекологија и акушерство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести