За 24. јуни одложена расправата за Извештајот на ЕП за Македонија

Наместо денеска, за Извештајот за Македонија на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент ќе се расправа на 24. јуни, а за истиот ќе се гласа во јули.

Расправата беше одложена на предлог на специјалниот известувач за земјава, австрискиот европратеник Томас Вајц, кој по бројните критики и обвинувања од страна на бугарските европратеници, рече дека апсолутно стои зад истиот.

– Ова е извештај на Европскиот парламент и на Европската Унија. Овој извештај нема намера и нема за цел решавање на билатерални прашања меѓу Бугарија и Северна Македонија.

Сепак, знаеме дека се работи и за билатерални односи, но исто така, да речеме, за владеењето на правото, за третманот на малцинските заедници и така натаму.

Затоа би сакал да побарам одлагање на гласањето по овој извештај за 24. јуни, рече меѓудругото Вајц, а со одложувањето на расправата, како што подвлече ќе им се дала можност на европратениците „да ги ажурираат своите лоби регистри“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои европратеници бараат македонскиот идентитет и јазик да бидат вметнати во Извештајот на ЕП за Македонија

Што бараат бугарските и грчките европратеници да биде вметнато во извештајот на ЕП за Македонија

Бугарски европратеник со амандман го дефинира македонскиот идентитет и јазик како сегашен

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести