Ако и на 24. јуни не помине Извештајот на Вајц, тогаш проблемот не се Бугари во Уставот, туку македонскиот идентитет и јазик, вели Мицкоски

Ако и на 24. јуни не помине Предлог-извештајот на Европскиот парламент за Македонија на специјалниот известувач за земјава, австрискиот европратеник Томас Вајц, за кој расправата беше одложена на 4. јуни, тогаш проблемот не се Бугари во Уставот, туку македонскиот идентитет и јазик, кажа денеска премиертот Христијан Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За 24. јуни одложена расправата за Извештајот на ЕП за Македонија

-Најголемиот дел од европратениците, оние кои вистински ги застапуваат европските вредности, одлучија да му дадат шанса на процесот и на 24. јуни повторно да биде на седница и ако не помине, ако повторно се одложи, тогаш македонските граѓани треба да бидат свесни дека проблем не се неколкуте стотини граѓани, кај нас, кои се дел од бугарската заедница да бидат во нашата Преамбула, туку дека се посебниот вековит македонски идентитет и македонскиот јазик.

Тоа е суштината, тоа е проблемот, се останато нема никаква врска со реалноста, рече Мицкоски, кој подвлече дека високи политичари од Бугарија се обраќале до високи политичари од Брисел за да го спречат извештајот, со образложение дека сакаат да се избегне дополнително незадоволството кај нив, поради процесот околу прифаќањето на еврото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Известувачот на ЕП за Македонија, Вајц и еврокомесарката Кос, цел на клевтничка капања и закани од Бугарија

За заканите кои ги добива Вајц од Бугарија, Мицкоски посочи дека со него се видел еднаш кога дошол во Владата, заедно со група европратеници, меѓу кои имало и двајца бугарски, но нагласи дека немале тет-а-тет средба, туку дискутирале во еден поширок формат.

Тој посочи дека “наше легитимно право како Влада е да одиме во светот и да се бориме за нашите аргументи“.

-Тоа е наше елементарно човеково право, изминатите месеци лавовски се бориме насекаде во свет и во Вашингтон, Брисел, Лондон, Берлин…да ги вратиме изгубените позиции, кои ги распродаде претходната влада…само за да остане на власт…Наше право е и ќе продлжиме да се бориме. Можеби сме малоубројни, но имаме срце и ќе се браниме, рече Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои европратеници бараат македонскиот идентитет и јазик да бидат вметнати во Извештајот на ЕП за Македонија

Што бараат бугарските и грчките европратеници да биде вметнато во извештајот на ЕП за Македонија

Бугарски европратеник со амандман го дефинира македонскиот идентитет и јазик како сегашен

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести