КреАрт – Годишен уметнички фестивал во МКЦ на тема „Македонско вино”

Во ЈУ Младински културен центар, на 21. јуни (сабота) со почеток во 21 часот ќе се отвори мултимедијалниот настан со наслов „КреАрт – Годишен уметнички фестивал”.

Мултимедијалното случување со наслов „Македонско вино“, ќе понуди уникатно искуство кое ги поврзува уметноста, културното наследство и виното. На настанот ќе бидат поставени  вински буриња обезбедени од Музејот на Галерија Кавадарци, на кои во живо ќе се создаваат уметнички дела инспирирани од темата.

Уметничкиот дел, ќе започне со свеченото отворање на изложбата на дела од Зага Малинковска (1926–2004), во 19:30 часот со презентација на шишиња и етикети на старите вина овозможено од винарија „Камник”.

Во уметничкиот процес на цртањето на винските буриња, ќе учествуваат уметниците Горан Боев, Томе Филов, Никола Ивановски, Илија Дојков, Сара Милевска, Теодора Ставрова, Михаела Ризова, Марија Зфировска, Леа Драмиќанин, Зехра Тулу Јилдиз, Лука Акдениз, Дарија Дивковиќ, Јана Кралевска, Весна Ничевска – илустрации за винарија „Ерос“, Слободан Живковски – „Експресија – вино“, Гордана Винчич – „Целувано грозје“.

Во делот на специјални изведби и техники, ќе учествуваат уметниците Маја Танева со скулптура од тенка жица, Марина Деаноска со филигра – уметност работена со срма, Љубиша Камењаров со глина, Бојана Мандевска – „Глината раскажува“ и Филип Матевски – „Стрип, манга и поп арт“.

Настанот ќе биде придружен и со музичка програма која ќе започне од 20 часот, со настап на Игор Станоевски Игимен.

Во манифестацијата, учество ќе заземат и ученици од основното училиште „Киро Глигоров” и тоа Бела Ѓорѓиев, Лина Смоковска и Нина Мираковска.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести