Бројни меѓународни авиокомпании ги откажаа или суспендираа летовите до Израел, Иран, Ирак, Јордан, Либан и Сирија, поради војната помеѓу Израел и Иран.
Поради влошувањето на безбедносната состојба во регионот на Блискиот Исток, некои компании најавија и промени во користењето на воздушниот простор на тие земји.
Грчката компанија „Егеан ерлајнс“ ги откажа сите летови до Тел Авив до утринските часови на 12 јули, како и летовите до Бејрут, Аман и Ербил до 28 јуни, објави „Ројтерс“.
Латвиската компанија „Ер Балтик“ ги суспендираше летовите до Тел Авив до 30. септември, додека рускиот „Аерофлот“ ги откажа летовите меѓу Москва и Техеран и најави промени на другите рути во регионот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ако продолжи војната помеѓу Израел и Иран, инфлацијата ќе не дотепа