За разлика од претходните години овогодинешнава Парада на гордоста во Скопје, шестта по ред, немаше подршка од актуелни функционери.
Меѓу учесниците можеше да се забележи поранешниот министер за внатрешни работи и поранешен шеф на Постојаната мисија на Македонија при Обединетите Нации, Љубомир Фрчкоски и поранешниот министер за култура, Роберт Алаѓозовски.
Најверојатно поради тоа што Парадата годинава имаше за цел да прати најразлични политички пораки, меѓудругото и осуда за војната во Палестина, но и за трагедијата во Кочани, на истата не се појавија и препознатливи амбасадори и преставници на амбасадите во земјава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Во Скопје се одржа Парада на гордоста, во Битола “Вистинска парада на гордоста”
Фото: Ванчо Џамбаски