Вчера Извештајот на Европскиот парламент (ЕП) за Македонија на известувачот за земјава, Томас Вајц, помина на Комитетот за надворешни работи на ЕП.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Помина Извештајот на ЕП за Македонија, не помина амандман пред македонски јазик да стои „модерен“
Истиот конечно треба да биде усвоен на пленарна седница на ЕП, која треба да се одржи од 7 до 10. јули.
Како што е познато гласањето за Извештајот од 4. беше одложено за 24. јуни поради тоа што во него има и референци за признавање на македонскиот јазик и идентитет, на што се противеа првенствено бугарските европратеници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Што пишува во Извештајот за македонскиот идентитет и јазик
Во верзијата на Извештајот која помина вчера македонскиот идентитет и јазик останаа директно само на две места, во членот 2. Во истиот стои дека ЕП “го повикува Европскиот совет да и даде јавна и недвосмислена поддршка на Северна Македонија дека има намера брзо и безусловно да донесе позитивна одлука за влез во следната фаза од преговорите за пристапување по исполнувањето на условите од неговите Заклучоци од 18. јули 2022 година, целосно почитувајќи го македонскиот јазик и идентитет”.
Во истиот член стои и дека (ЕП), „ја потврдува важноста на недвосмисленото признавање и почитување на македонскиот јазик и идентитет како составен дел од наследството на нацијата, уставниот поредок, но и од европските вредности; забележува дека европските институции, во своите извештаи за земјите и официјални документи, постојано се повикуваат на македонскиот јазик во согласност со меѓународното признавање и спроведувањето на Преспанскиот договор; потврдува дека почитувањето на јазичниот, културниот и националниот идентитет е фундаментална компонента на процесот на пристапување во ЕУ и камен-темелник на демократските општества, што дополнително ќе се потврди со пристапувањето во семејството на европските нации”.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Модерна“ ЕУ има проблем со македонскиот идентитет и јазик
Ќе станат ли „сегашни“ македонскиот идентитет и јазик?
Вчера не помина амандман на германскиот европратеник Михаил Галер од ЦДУ, која е дел од групата Европска народна партија (од која дел е и владејачката ВМРО-ДПМНЕ) во кој пред терминот „македонски јазик и идентитет” се додава „модерен” (сегашен).
Но, истиот како што најави Галер, заедно со подршка на групите Социјалисти и демократи (од која дел е опозициската СДСМ), Обнова и Зелените ќе се најде на маса на престојната пленарна седница.
Дали текстот во членот 2 ќе остане ист, останува да видиме.
Треба да се каже и дека овој Извештај нема меѓународна правно обврзувачка природа, но покажа што Бугарија мисли за македонскиот јазик и идентитет (не дека не знаевме), но и Европската унија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Што бараат бугарските и грчките европратеници да биде вметнато во извештајот на ЕП за Македонија
Бугарски европратеник со амандман го дефинира македонскиот идентитет и јазик како сегашен
Фото: Игор Бансколиев