Политичари растрчајте се за Извештајот на ЕП за Македонија, не замарајте со глупости

Извештајот за Македонија на Европскиот парламент (ЕП), кој ја помина првата фаза, е во фокусот на јавноста, домашната и европската, но и на политичките партии во земјава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Помина Извештајот на ЕП за Македонија, не помина амандман пред македонски јазик да стои „модерен“

Како и секогаш партиите за ситни дневни политички поени се поделија и за Извештајот и почнаа со меѓусебни обвинувања за тоа кој е поголем Македонец, наместо да се здружат и сериозно да се растрчат истиот на престојната пленарна седница на ЕП следниот месец, да биде изгласан во форма која ќе биде во македонски национален интерес.

Нашите политичари не треба да гледат далеку како тоа треба да се направи. Еве имаат пример од соседните земји – Бугарија на пр., чии европратеници се растрчаа на сите страни за да ни направат штета, не било каква, туку на македонскиот идентитет и јазик.

И тие дневно се расправаат за глупости и ја замараат тамошната јавност, но кога се работи за национален интерес сите се заедно.

Така, да нашиве политичари да престанат да не замараат со глупости и да почнат да лобираат кај своите партнерски групи. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ кај нејзината Европска народна партија, од каде стигна најава за амандман за додавање „модерен“ (сегашен) македонски идентитет и јазик во Извештојот, а опозициската СДСМ кај нејзината група – Социјалисти и демократи, која го подржува овој амандман.

И не само тие. Сите политичари да се растрчат. Еве им одлична можност да покажат колку ја сакаат Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што пишува за македонскиот идентитет и јазик во Извештајот на Европскиот парламент

„Модерна“ ЕУ има проблем со македонскиот идентитет и јазик

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести