Лекот на Онкологија што недостасува се очекува да пристигне во првата недела на јули

Од Клиниката за радиотерапија и онкологија информираа дека сите пациенти ја добиваат потребната терапија и дека се достапни лековите за третман на онколошки заболувања.

„Лекот Paclitaxel е навреме нарачан од Клиниката, но заради застој во дистрибуцијата, најавено ни е дека овие денови ќе биде дистрибуиран на клиниката. За paclitaxel има замена од истата група на лекови со идентична ефикасност и тоа е docatexel-от.

Исто така, лекот Еrlotinib, се заменува кај пациентите со Gefitinib кој има идентична ефикасност. Тендерите се навреме спроведени, очекуваме овие лекови да пристигнат во првата недела од јули.

Во меѓувреме уверувам дека за сите терапии има квалитетна замена и континуитетот во лекувањето е целосно обезбеден,“ вели директорот на Клиниката за онкологија, Игор Стојковски.

Тој додава дека годинава е двојно зголемен условниот буџет на Клиниката за радиотерапија и онкологија за иновативни лекови.

Фото: Unsplah

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести