Лавина од реакции за изјавата на Марта Кос за македонскиот идентитет

Несреќната, за многумина граѓани и навредлива изјава на Словенката, Марта Кос, еврокомесарката за проширување и добрососедска политика за македонскиот идентитет предизвика лавина од негативни реакции на социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вашиот идентитет се погачата, тавче гравчето, пинџурот, полнетите пиперки, манастирите и тоа никој неможе да Ви го одземе, порача еврокомесарката Кос од Скопје

Кос добро знае дека маката не се пиперките и тавче-гравчето, туку постоењето на македонскиот јазик и Македонците. Исто така добро знае дека тоа прашање воопшто е тема поради членка на Европската унија која ја преставува – Бугарија.

Знае и дека Бугарија тврди дека нема Македонци таму и знае што се изгласаа бугарските пратеници во нивниот Парламент за Македонците и македонскиот јазик, а и знае кој стои позади амандманот во извештајот на Европскиот парламент за Македонија со кој се бара македонскиот јазик и македонскиот идентитет да станат „современи„ (модерни/сегашни).

Еве дел од реакциите на Фејсбук:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нашиот идентитет е и јазикот што го зборувале нашите баби и дедовци и никој нема право да го оспори тоа, вели Муцунски за изјавата на еврокомесарката Кос

Еврокомесарката Марта Кос немаше лоша намера, но кога се зборува за чувствителни прашања треба да се внимава во изјавите, велат од СДСМ

„Модерна“ ЕУ има проблем со македонскиот идентитет и јазик

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести