Прашан за вчерашната изјава на еврокомесарката за проширување и добрососедска политика Марта Кос, која предизвика лавина од негативни реакции во јавноста, македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска рече дека нашиот идентитет се нашиот јазик, нашата историја и нашата многувековна култура градена низ комплексни, тешки времиња.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тој меѓудругото посочи дека за жал, и во 21 век идентитетот е категорија која земји што се нарекуваат европски се обидуваат да ја оспорат.
-Посебно во овој регион идентитетот е сложена категорија. Да, за жал, и во 21 век е категорија која земји што се нарекуваат европски се обидуваат да ја оспорат, но за нас нема дилема дека историските личности како Делчев, Груев, Сандански се дел од нашиот идентитет, како што се и прекрасните манастири, преубавите џамии.
Нашиот идентитет е и соживотот, но и јазикот што го зборувале нашите баби и дедовци, прабаби и прадедовци и апсолутно никој нема право да го оспори тоа, односно да го оспори нашето право да го почитуваме она што е дел од нас како Македонци, рече тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лавина од реакции за изјавата на Марта Кос за македонскиот идентитет
Фото: МНР