Судијката Даниела Димовска вчера од страна на Судскиот совет беше избрана за в.д. претседател на Основниот кривичен суд Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Судијката Даниела Димовска избрана за в.д. претседател на Основниот кривичен суд Скопје
Доаѓа на местото на Иван Џолев, кој претходно стана судија во Апелациониот суд Скопје.
За нејзиниот избор „за„ гласаа 10 членови на Судскиот совет, а двајца беа „против“.
Димовска ја предложи членката на Судскиот совет, Данка Ристова, како координатор за работата на овој Суд.
Образование
Родена е на 29. јуни 1985 година во Кочани.
Дипломирала на Правниот факултет „Јустинијан Први“- Скопје во 2007 година, како најдобар студент на генерацијата.
Во периодот од 2006 до 2010 година на факултетот била ангажирана како демонстратор по предметот трудово право.
На овој факултет и магистрирала, а има завршено и Академија на судии и јавни обвинители.
Има положено правосуден и нотарски испит.
Работно искуство
Според нејзината биографија во периодот од 2005 до 2006 година била ангажирана како практикант во македонското Собрание, каде работи од од 2007 година до 2013 година.
Во 2010 година станала член на Комисијата за заштита од дискриминација.
Во септември 2016 година станала судија во Основен кривичен суд Скопје и работи како судија на претходна постапка,
Во периодот од 2021 година до 2022 година е судија за извршувње на санкции, од 2022 година до 2023 година работи во Одделението за кривично полнолетни, а од 2024 година до сега е судија во Одделението организиран криминал и корупција.
Во 2022 година е избрана за арбитер во спортско арбитражниот суд на Олимпискиот комитет на Македонија, а потоа и за претседател на Комисијата за уништување на дрога и други наркотични средства.
Во 2024 година станала заменик член на Државната комисија за спроведување на правосуден испит.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иван Џолев избран за судија во Апелација
Фото: Основен кривичен суд Скопје