Владата разгледувала повеќе мерки како да се справи со лошиот демографски тренд, а една од мерките за кои се размислувало е воведување дополнителен данок за немажи и неженети, откри денеска премиерот Христијан Мицкоски на дебатата „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“.
Информацијата веќе предизвика лавина од негативни реакции на социјалните мрежи, а ваква идеја, која не се реализира, имаше и во времето на поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој избега во Унгарија и стана азилант.