Македонецот кој загина во Разград, Бугарија, откако 19-годишник влета со автомобил во тераса на ресторан е на 58-годишна возраст, пренесуваат бугарските медиуми.
Тој починал на лице место. Во Бугарија имал постојано живеалиште.
Во несреќата загинаа и двајца Бугари, на возраст од 62 и 64 години.
За момчето се бара притвор, а бугарското Обвинителство отвори предистражната постапка.
Првичните тестови покажуваат дека бил негативен на алкохол и дрога.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Унсплеш