Бугарскиот министер за надворешни го нарече Мицкоски „северномакедонски премиер“, македонскиот премиер го нарече „момче“ пратено да му го привлече вниманието

Бугарскиот министер за надворешни работи Георг Георгиев во интервју за бугарската БТВ македонскиот премиер Христијан Мицкоски го нарече „северномакедонски премиер“ и меѓудругото се пофали оти Бугарија била фактор и во Европската Унија и во регионот, па спречила Европскиот парламент (ЕП) со бришењето на македонскиот јазик и идентитет од Извештајот за напредокот на Македонија, да биде искористен за “пропаганда“ на Мицкоски.

Прашан за коментар за оваа нова провокација од Бугарија, Мицкоски, Георгиев, го нарече „момче“, а за бугарската влада рече дека „во позадина ја раководи друг“.

„Тоа момче е пратено за да привлече мое внимание. Мислам дека не треба да му дадеме можност и апелирам и до вас медиумите. Оставете го тоа момче таму. Тоа е влада која во позадина друг ја раководи, тие луѓе треба да одработат. И му рекле, му дале задача, ајде сега закачај се. Тоа е исто како глушецот кога го задева лавот“, рече Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарски европратеници го искористија Извештајот на ЕП за Македонија за домашни цели, кажа Вајц по неговото изгласување

Специјалниот известувач на ЕП за Македонија, австрискиот европратеник, Томас Вајц, кој го подготвуваше Извештајот, пак по неговото изгласување меѓудругото посочи дека бугарските европратеници го искористиле истиот за домашни цели.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче ја осуди изјавата на бугарскиот министер за надворешни, кој Мицкоски го нарече “северномакедонски премиер“

Не беше грешка вметнувањето на македонскиот јазик и идентитет во Извештајот на ЕП, вели Вајц

Што пишуваат регионалните медиуми за Извештајот на ЕП за Македонија, од кој беа избришани македонскиот јазик и идентитет

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести