4,1 милиони денари за надомест на членовите на ОД на ЗК Пелагонија лани

ЗК Пелеганија АД Битола во годишниот извештај за работењето лани, објавен преку Македонската берза, меѓудругото објави и дека вкупниот годишен надомест на членовите на Одборот на директори (ОД) изнесувал 4.118.710 денари.

Членови на ОД се Цветан Панделески, претседател и неизвршен член, Весна Белешовска Бунтеска, извршен член, Александар Георгиев, неизвршен член, Анета Ѓоргиев, неизвршен член и Селаудин Арифи, неизвршен член.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести