50-годишен припадник на АРМ убиен во Батинци

Припадникот на македонската Армија, А.М. (50), е убиен утринава во скопското село Батинци.

Во него како што информираа од Министерството за внатрешн и работи пукало лицето М.Џ., додека тој возел возило „киа„ на влезот од селото.

Припадникот на Армијата се здобил со престрелни рани во пределот на градниот кош и бил пренесен во ГОБ ‘Св. Наум Охридски’, каде било констатирано дека е веќе починат.

Од Армијата потврдија дека убиениот маж е нивни припадник и дека за време на трагичниот настан користел слободен ден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Осомничениот за убиството на припадникот на АРМ е во бегство

Агим Мухареми е убиениот припадник на АРМ

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести