Исчезната е 34-годишната Биљана од Прилеп, последен пат автомобилот ѝ е виден во селото Крушеани

На социјалните мрежи се споделува апел за пронаоѓање на Биљана Ј.А., која е исчезната веќе повеќе од 24 часа.

„Последен пат е видена во с. Крушеани од каде заминала со својот автомобил Audi A4 со регистарски таблици PP 7822AG темно мастилна боја. Од таму и се губи секоја трага и мобилниот и е недостапен. Ве молам доколку некој ја забележи да ме контактира мене или некој од моето семејство.Ве премолувам помагајте мојата сестра и мајката на Дори и Таиса да се врати жива,“ се вели во апелот.

СВР Битола, исто така информира дека на 23. јули 2025 година, во 23:02 часот, нејзината сестра С.Ј.М. пријавила дека Б.Ј.А. со возило се оддалечила од домот и оттогаш ѝ се губи секаква трага.

Според пријавата, исчезнатата жена имала здравствени проблеми.

Се преземаат мерки за нејзино пронаоѓање, а сите кои имаат каква било информација се повикуваат да се обратат во најблиската полициска станица или да се јават на телефонскиот број 192.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пронајдена исчезнатата Биљана од Прилеп

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести