Во Собранието усвоени законските измени за линеарно покачување на пензиите за 2.000 денари

Во македонското Собрание вчера се изгласаа измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, со што се овозможува линеарно покачување на пензиите за 2.000 денари.

„За“ гласаа 79 пратеници, немаше „против“, ни “воздржани“.

Со изгласувањето на овие законски измени сите пензионери на 1. септември годинава и 1. март следната година ќе добијат повисоки пензии за по 1.000 денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Предлог-законот за линеарно зголемување на пензиите помина на Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести