Како работела УНИ Банка во првото полугодие

Остварените вкупни приходи од работење на УНИ Банка АД Скопје во првата половина од 2025 година изнесуваат 1.160 милиони денари и во однос на истиот период од минатата година бележат зголемување од  2.5%, соопшти Банката преку Македонската берза.

-Најголем придонес во остварувањето на позитивен финансиски резултат во износ од 203 милиони денари имаат приходите од камати како најзначаен елемент на банкарските приходи.

Имено, во структурата на вкупните приходи (приходи од камати, приходи од провизии и надомести, нето-приходи/расходи од курсни разлики и останати приходи од дејноста), најголемо учество од 67.1% имаат приходите од камати, кои во споредба со истиот период од 2024 година се зголемени за 2.9%, а анализата на секторската структура на приходите од камати покажува поголема ориентација на банката кон кредитирање на секторот население.

Остварените расходи во првата половина од 2025 година изнесуваат 957 милиони денари и бележат намалување од 1.9% во однос на истиот период од 2024 година. Намалувањето на расходите се должи, пред се на помалиот износ на издвоени средства за зајакнување на резервациите по кредити, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Реизбрани членови на НО на Уни Банка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести