Девојката која сакаше да се самоубие во Тетово била од Косово, тетовец осомничен дека ја подведувал на проституција

Девојката на возраст од 23 години која пред неколку дена сакаше да се самоубие со скокање од прозорец од мотел во Тетово е државјанка на Косово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Полицијата спречи самоубиство на девојка во Тетово, едно лице уапсено за посредување на проституција

Од Основното јавно обвинителство Тетово информираа дека тетовец на 48-годишна возраст е осомничен дека ја подведувал на проституција во неколку наврати во последните два месеци, обезбедувајќи и клиенти.

Таа сексуалните услуги ги наплаќала, а поголемиот дел од заработката му го давала на тетовчанецот, на кого му е определена мерка притвор.

Девојката моментално е сместена во транзитен центар за странци до завршување на постапката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полицискиот службеник кој спречи самоубиство на девојката од Тетово ќе биде награден

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести