Отворени и телефонски броеви за Игорчо од Кочани, татко на четири мали деца, на кого му треба нашата помош

За донации за помош на Игорчо Георгиев од Кочани, татко на четири мали деца, на кого му е потребна нашата помош, се отворени и телефонски броеви.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Му требаме на Игорчо од Кочани, кој има четири мали деца, е без приходи, а започна и битка со рак

Можете да помогнете со донација на eCrowd платформата  или на бројот за донации 143 999 (достапен за корисници на Телеком и А1), кој eCrowd го намени за оваа цел.

Георгиев, како што објавивме, периодов започна со хемотерапија и радиотерапија, а пред него е долга и исцрпувачка битка – не само со болеста, туку и со секојдневието. Нема приходи, а мора да се грижи за своето семејство.

Во периодот на лекување и закрепнување, потребна му е наша поддршка – за храна, сметки, лекови и грижа за децата.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести