Македонијатурист со зголемени приходи и добивка во првото полугодие

Македонијатурист АД Скопје во првите шест месеци од годинава од пружените хотелски и ресторански услуги како основна дејност, како и од други споредни дејности остварила добивка по оданочување од 143,653 милиони денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза.

Вкупните приходи изнесуваат 331,833 милиони денари и се зголемени за 57%, додека пак приходите од продажба на Друштвото се зголемени за 28% во однос на истиот период минатата година.

Вкупните трошоци и расходи од работењето изнесуваат 178,847 милиони денари и се зголемени за 17% во однос на лани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Чеза комерц купи нови акции на Македонијатурист

М.Г. Фешн купи нови акции на Македонијатурист

Претседателот на НО на Македонијатурист ќе зема месечен паушал од 73 илјади, членовите по 61 илјади денари

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести