Во чест на празникот Илинден, македонската виолинистка Пламенка Трајковска го претставува својот најнов сингл „Balkan song No.11“ – интензивна музичка приказна која ќе биде премиерно прикажана со видео спот на 2. август во 12:00 часот, на нејзиниот YouTube канал.
Овој изведбен бисер, сниман со гудачки квартет, е вистински музички омаж на балканската традиција, инспириран од македонската народна песна „Билјана платно белеше“.
Автор и изведувач е Пламенка Трајковска, заедно со талентираните музичарки Милена Гиевска Андоновска (виолина), Љубица Бошкоска (виола) и Александра Јаневска (виолончело).
„Balkan song No.11“ е дел од новиот албум „Балканско патување“ – музичко-истражувачки проект кој ја обединува класичната музика со богатството на мелодии и ритми од сите балкански региони, создавајќи уникатен и пленителен звук.
Синглот е сниман во студиото „Подрумот“ со звукот на Ангел Ќосев и веќе е достапен на сите големи музички платформи како Spotify, iTunes, Deezer и други.
Промотивна објава