Од Комерцијална банка АД Скопје информираа дека укинува и намалува повеќе надоместоци за физичките и правните лица.
Од 1. октомври Банката ги намалува надоместоците за платежни услуги за физички лица и до 66 %, а дел од нив целосно ги укинува.
Кредитните трансфери во интерен платен промет кон платежни сметки на физички лица преку електронско банкарство (Интернет банка и мБанка) и натаму остануваат без надомест, а отсега без надомест ќе бидат и трансферите преку електронско банкарство кон платежни сметки на правни лица во Банката.
Се укинува и надоместокот за повлекување готовина од платежна сметка во девизи и од неорочени штедни депозити во девизи на резиденти физички лица.
Банката одлучи и електронското банкарство за физички лица да го овозможи без надомест за клиентите што ќе изберат некој од пакетите на Банката. Исто така, наместо досегашните три, физичките лица месечно ќе имаат 10 бесплатни проверки на состојба со дебитна картичка на банкомат.
Стандардните дебитни картички за приматели на плата и пензија и натаму остануваат без надомест, а водењето платежна сметка за физички лица, како и до сега, ќе се наплаќа само доколку клиентот има активност во тековниот месец.
Кредитниот трансфер преку шалтерите на Банката кон платежни сметки на физички и правни лица во Банката се намалува во просек за 66%.
Кредитниот трансфер преку шалтерите на Банката кон сметки во други банки преку КИБС се намалува во просек за 55%.
Кредитниот трансфер преку електронско банкарство кон сметки во други банки преку КИБС се намалува во просек за 35%.
Кредитниот трансфер преку шалтерите на Банката кон сметки во други банки преку МИПС се намалува за 64%.
Кредитниот трансфер преку електронско банкарство кон сметки во други банки преку МИПС се намалува за 50%.
Месечениот надомест за одржување платежна сметка со основни функции се намалува за 41%.
Месечниот надомест за користење електронско банкарство (Интернет банка или мБанка) се намалува во просек за 45% и ќе се наплаќа само доколку клиентот ја користи услугата во текот на месецот.
Месечниот надомест за користење пакети на Банката се намалува во просек за 43%.
Повлекување готовина со дебитна картичка од банкомат на друга банка во земјата се намалува за 40% кај минималниот надомест.
Уплата во готово преку МИПС се намалува за 62%.
Повлекување готовина од платежна сметка во денари и од неорочени штедни депозити на резиденти преку шалтерите на Банката се намалува за 66 % кај минималниот надомест.
Банката донесе одлука и за укинување на надоместокот за кредитни трансфери од сметки на правни лица кон други сметки во Банката, извршени преку електронското банкарство.
Извршени се и намалувања на надоместоците за кредитни трансфери од сметки на правни лица кон сметки во други банки преку платните системи КИБС и МИПС, со намалување и до 30 % на трансферите извршени преку електронското банкарство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трите најголеми банки најавија намалување на надоместоците за платни услуги
Фото: Комерцијална банка