Како работела Лотарија на Македонија во првото полугодие

Лотарија на Македонија АД Скопје во првите шест месеци од годинава остварила добивка искажана во неревидираниот Биланс на успех од 5.512 илјади денари и добивка искажана во неревидираниот консолидиран Биланс на успех од 5.564 илјади денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза.

-Остварените вкупни приходи за периодот 01.01-30.06.2025 година во висина од 13.863 илјади денари се намалени споредбено со остварените вкупни приходи во истиот период во 2024 година. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество од 96,24% имаат оперативните приходи, кои за овој период бележат намалување во однос на претходната година. Кај финансиските приходи кои учествуваат со 3,76% во вкупните приходи има зголемување во однос на истиот период во 2024 година.    

Остварените вкупни расходи за периодот 01.01-30.06.2025 година во висина од 8.351 илјади денари бележат намалување споредбено со истиот период во 2024 година. Оперативните расходи во висина од 8.343 илјади денари  учествуваат со 99,90% во вкупните расходи и се намалени во однос на претходната година.  

Остварените консолидирани вкупни приходи за периодот 01.01-30.06.2025 година изнесуваат 14.187 илјади денари и во споредба со остварените консолидирани вкупни приходи за истиот период во 2024 година бележат намалување. Во структурата на вкупните приходи најголемo учество од 96,01% имаат оперативните приходи кои бележат намалување во однос на истиот период во 2024 година. Финансиските приходи изнесуваат 566 илјади денари и учествуваат со 3,99% во однос на вкупните приходи и бележат зголемување во однос  на претходната година.                 
Консолидираните расходи за периодот 01.01-30.06.2025 година се во износ од 8.623 илјади денари и бележат намалување во однос на вкупните расходи  во истиот период во 2024 година. Консолидираните оперативни расходи изнесуваат 8.615 илјади денари и бележат намалување во однос на претходната година и учествуваат со 99,90% во вкупните расходи, велат од таму.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести